Во рамки на гостувањето во 11.коло од ЕХФ Лигата на Шампионите, РК Вардар успеа да слави на тешкото гостување кај екипата на Рајн-Некар (27:30) и да ја забележи својата седма победа во ЛШ. Потегот на мечот го имаа вардарци, во улога се најдоа Карачиќ и Кристопанс кој изведоа цепелин, кој во гол го претвори летонскиот “џин„. Токму овој погодок се најде во изборот на најубави погодоци во ова коло во елитната лига.
Видеото од изборот на најубавите пет гола во 11.рунда од ЕХФ Лигата на шампионите може да го погледнете ОВДЕ!