Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Кошарка > ЖКК Вардар триумфално в гости кај Крива Паланка, за прво место на табелата
ЖКК Вардар триумфално в гости кај Крива Паланка, за прво место на табелата

ЖКК Вардар триумфално в гости кај Крива Паланка, за прво место на табелата

Вчерашната  победа на сениорките на ЖКК Вардар против екипата на Крива Паланка, го запечати првото место на табелата. Секоја победа е значајна, посебно кога ова е последен натпревар пред завршницата на Куп натпреварите, кои следниот викенд ќе се одиграат во Гевгелија.

11

Црвено-црните дами успеаа да одиграат натпревар во кој целосно доминираа, постојано водевме речиси двојно во однос на домаќините на оваа средба. Победата дојде со 46 поени позитива, ние триумфиравме со резултат  40:86.

“Одлично се воигравме и имавме одлична тимска атмосфера, што навистина помогна денес да одиграме квалитетно и со убедлива победа да го крунисаме натпреварот” изјави тренерот Жаклина Стојановска.