Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ВИДЕО) Дибиров дел од идеалниот тим во Лигата на Шампионите
(ВИДЕО) Дибиров дел од идеалниот тим во Лигата на Шампионите

(ВИДЕО) Дибиров дел од идеалниот тим во Лигата на Шампионите

Во рамките на 11. коло во најсилната група А од Лигата на Шампионите видовме огромна победа за Вардар. Вардарци иако настапија без неколку играчи, сепак на крајот успеаа да излезат како победник во дуелот со екипата Рајн-Некар (27:30). Во текот на целиот натпревар бевме во предност и имавме контрола на резултатот. Дибиров беше најефикасен со 7 голови, токму тој се најде во идеалната постава на ова коло во елитната лига.

ВИДЕОТО ОД НАЈДОБРИОТ ТИМ НА 11.КОЛО МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ- ОВДЕ!

Идеален тим на 11. коло:

Голман: Винсент Жерар (Монпеље)
Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек: Михаил Јурецки (Киелце)
Среден бек: Барис Пухоуски (Мотор)
Десен бек: Иван Сршен (ППД Загреб)
Десно крило: Лук Абало (ПСЖ)
Кружен напаѓач: Јаник Колбахер (Рајн Некар Левен)