Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Васоски пред промоција во Академија Пандев
Васоски пред промоција во Академија Пандев

Васоски пред промоција во Академија Пандев

Најдобриот стратег во македонскиот шампионат во овој момент, Александар Васоски е пред промоција во нов тренер на Академија Пандев.

Според последните наши информации, популарниот Тетовче сигурно ќе седне на клупата на тимот од Струмица и ќе има задача во пролетниот дел од шампионатот да ја издигне екипата од овие лоши резултати есенва.

Сигурно со доаѓањето на Васоски кај „пандевци“, неговиот нов тим ќе се обиде да доведе во својте редови токму и некој играч од редовите на Вардар.

Во овој момент Академија Пандев е без тренер, бидејќи денес Југослав Тренчовски си поднесе оставка.