Friday ,11 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар започнува против Нексе во СЕХА, познат календарот
Вардар започнува против Нексе во СЕХА, познат календарот

Вардар започнува против Нексе во СЕХА, познат календарот

Конечно е познато кога ќе започнр новата сезона во СЕХА Газпром лигата за Вардар 1961. Првиот меч го играме на 1 февруари 2021 година со домашен натпревар против Нексе. СЕХА лигата го објави календарот за натпреварување, а за во декември 2020 се планирани само две средби. Нашиот тим своите мечеви ќе ги игра во февруари, март и април 2021 година.

Според пропозициите екипите се поделени во две групи и се игра по принципот “натпревар дома и во гости”. Потоа во зависност од пласманот во групата се играат елиминации во осминафиналето.
Првопласираните две екипи од групите се директно пласирани во четврт-финале, а оние на 3 и 4 место ќе играат во осминафиналето.
Потоа се игра четврт-финале каде се приклучуваат и Мешков Брест и Веспрем.

Вардар 1961 е во група со екипите на Нексе, Мотор Запорожје и Војводина.
Во другата група се: Еурофарм Пелистер, ППД Загреб, Татран и Металопластика.

Календар за СЕХА лига – сезона 2020/2021

01.02.2021
Вардар 1961 – Нексе

13.02. 2021
Мотор – Вардар 1961

28.02.2021
Војводина – Вардар 1961

19.03.2021
Вардар 1961 – Мотор

24.03.2021
Нексе – Вардар 1961

04.04.2021
Вардар 1961 – Војводина

1/8 финале
прв меч: 10/11/04.2021
втор меч: 14/15.04.2021

1/4 финале
прв меч: 04/05.05.2021
втор меч: 14/15.05.2021

Мечевите од полуфиналето и за Ф4 турнирот дополнително ќе бидат објавени.