Тренерот на Вардар, Александар Васоски се соочува со неколку проблеми пред саботната пресметка со екипата на Македонија ЃП.
Поради проблеми со препоните, на овој натпревар во тимот на лидерот ќе го нема искусниот дефанзивец Евгениј Новак. Ова значи дека Најдовски, или пак Серафимов ќе го сочинуваат стоперскиот тандем заедно со Тошевски и Младеновски.
Покрај Новак, уште еден играч на Вардар е неизвесен за дуелот. Жуниор Реис поради проблеми со задната ложа можеби ќе го започне дуелот од клупата за резерви. Доколку бразилецот не може да настапи, ова ќе биде уште еден голем удар за лидерот. Да не заборавиме дека од поодамна е повреден и Џемал Ибиши.
Добра вест е што во тимот по два меча суспензија се враќа Дарко Мицевски.
Дуелот на Македонија ЃП и Вардар се игра в сабота со почеток од 14 и 30 часот.