Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки газат во лигата! Грујовска со најголема бројка, некоја “нова” Миновска, највеќе голови за Седлоска
Вардарки газат во лигата! Грујовска со најголема бројка, некоја “нова” Миновска, највеќе голови за Седлоска

Вардарки газат во лигата! Грујовска со најголема бројка, некоја “нова” Миновска, највеќе голови за Седлоска

 Ристова Драгана оваа сезона ја започна како дебитант со сениорски тим, таа со своите „пуленки“ од ЖРК Вардар тргна во една нова аванура. Одличните резултати се показател на правилната селекција на оваа екипа која ја создаде уште во пионерската конкуренција. По пет кола ние имаме пет високи и убедливи победи, следното шесто коло во кое сме слободни ќе го дочекаме со максимални 15.бода на врвот на табелата.

 jj2

Во оваа прва етапа од есенскиот дел, лесно се справиме со тимовите на: Спартак, Деспина, Стружанка, Кузман и Пелистер, од овие пет победи дури три се како гостинки. Одличната работа се валоризираше на теренот, девојките „експлодираа“ во офанзива. Постигнати се дури 181 погодок, или вардарки во просек погодуваат дури 36. пати по одигран меч што е неверојатно висока цифра за суперлигашки тим.  Ристова успева да има одлична ротација, на сите девојки од ростерот им пружи прилика. Тоа беше наградено со одлична игра и огромен број на погодоци во офанзива каде ги добивме сите мечеви.

 dd1_2202-jpg

 Во одбраната играме одлично, имаме три расположени голманки.  Девојките на Царчев Александар , покажаа дека долгогодишната работа со овој голмански стручњак создала квалитет кој секој тим посакува да го има.  Девојките по 5.кола имаат 70 одбрани од 179 упатени удари, односно некаде околу 40% успешност, што е во ракометот е доста  висок процент. Посебно се истакнаа на средбите  на домашен терен со Деспина (Грујовска и Илиќ) и Кузман (Трајковска и Грујовска) кога имаа  заедно по 52% зад своите имиња.

 72621527_492637058255476_6524113536610729984_n

Кога сме кај личните постигнувања, најголема цифра има зад името на Симона Грујовска таа „собра“ 34 одбрани во изминатите кола. Успеваше да биде „последна пречка“ пред противничките налети, во свој стил како што ја одигра изминатата сезона и игра и оваа. Едноставно не научи дека од неа мора да очекуваме многу, секогаш.   Седлоска Андреа е прв стрелец на црвено-црниот тим, по одиграни пет кола во Супер лигата. Бекот на вардарки има 22 гола од игра и 11 успешно погодени пенали, вкупно зад своето име досега има 33 погодоци. Посебно инспиративна сезона има досега, Миновска Сара  оваа девојка е дефинитивно „препородена“ под палката на Ристова. Таа на 14.меча лани во есенскиот дел постогна 15.гола, оваа сезона има 20.погодоци по само 5 кола, односно по 4 настапи. Дефинитивно позитивно откритите на вардарки.

72842524_500496494126689_7073872172292243456_n

Ивана Џатевска, пикерот кој играше за кадетската, младинската и сениорската селекција има вистинско гол-шоу овие 5 кола. Таа погоди 17.пати за илустрација, лани на есен  по 14.кола имаше 9.гола, очигледно репрезентативното искуство и ја подигна ефикасноста до плафон. Сите други девојки се на ниво, Илиќ Андреа има високи 27 одбрани таа повторно е константна, Трајкоска Јована на еден меч имаше 9 интервенции. Капитенот, Диневска Бојана стигна до бројката 16, но мора да се потенцира дуелот во Струга, кога погоди 10.пати и го „раснесе“ тимот на Стружанка. Тоа е рекорд на највеќе голови во еден меч оваа есен, капитенот единсвено ја мина двоцифрената граница на постигнати голови.  Тука е и Николиќ  Милица која се врати од повреда, полека влегува во форма има досега 12.гола, во последните две кола. заедно успеа да погоди 9.пати. Исти број погодоци има секогаш константната,  девојката која игра за тимот, Божиновска Ана Марија. „Двоцифрени„ се и крилата: Ивона Трпевска и Стефанија Ѓорѓиевска, како и пикерот Катерина Дамјановска кај која исто така има евидентен напредок.  Апак, Ива Јаковчевска солидно се снаоѓа со улогата прва опција на десно крило оваа сезона.   Во сезоната и рехабилитираните, Марија Гоцевска и Галевска имаат одличен влез, ја враќаат препозатливата форма, тие поради повреди лани не можеа да дадат голем придонес.

 72738110_464950760780137_3315490482204704768_n

 Постигнувањата на целиот ростер  во вoведните пет суперлигашки кола, погледнете го во продолжение:  

1.Симона Грујовска 34 одбрани

2.Седлоска Андреа 33 гола

3.Илиќ Андреа 27 одбрани

4. Миновска Сара 20 гола

5.Џатевска Ивана 17 гола

6.Бојана Диневска 16 гола

7/8. Ана Марија Божниовска и Милица Николиќ 12 гола

9/10/11. Ивона Трпевска, Катерина Дамјановска  и Стефанија Ѓорѓиевска 11.гола

12/13. Јована Трајкоска 9 (одб) и Ива Јаковчевска 9 гола

14.Марија Галевска 8 гола

15.Марија Гоцевска 5 гола

16/17.  Костовиќ Ангела и  Ана Марија Коларовска 4 гола

18/19. Теодора Стаменкова и Ангела Гроздановска 3 гола

20.Васевска Златица 2 гола

21.Јана Паковска без погодок

22.Кети Ангеловска, без настап (повредена)