Давид Писонеро нема повеќе да биде главен тренер на Европскиот ракометен Шампион. Од вчера се појавија гласини дека Кокшаров ја превземал работата со Вардар, откако одржал два тренинга со тимот. Денес за официјалниот сајт на руската федерација, Кокшаров потврдил дека тој ќе го води Вардар на наредниот дуел со Веспрем.
-По поразот од Кил, сопственикот на клубот Сергеј Самсоненко се реши за промена. Јас одработев само два тренинга досега. Не може многу да се промени во вака краток период, засега треба да го зачуваме ова што го имаме, да не продолжиме во надолна линија. Најбитно е добро да се подготвиме за следниот важен натпревар.
Кокшаров вели дека тој е само преодно решение, додека не се најде нов тренер на екипата. Сепак не знае дали тој ќе биде предводник на Вардар до крајот на сезоната, но функцијата спортски директор за него останува.
-Јас сум поставен како тренер, како изнудено решение. И привремено ќе ја вршам оваа функција додека клубот не назначи нов тренер. Тоа можеби ќе биде во следните месец-два, можеби ќе бидам до крајот на сезоната. Функцијата спортски директор ми останува во клубот, истакна Кокшаров