Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор во сабота го пречекува Пролет 62
Вардар Јуниор во сабота го пречекува Пролет 62

Вардар Јуниор во сабота го пречекува Пролет 62

Тимот на Вардар Јуниор успеа да „собере“   шест бода од гостувањата и да напредува на табелата,  сега сме на 7.позиција пред тимовите на Струга, Работички и Металург-2 тим кој го совладавме во гости. Пред нас овој викенд е 7.коло во машката Супер Лига.

Тежок противник не очекува, нагости ни доаѓа тимот кој е еден од двата колектива кој нема пораз досега, екипата на РК Пролет 62. Во сабота, 19.октомври ние сме домаќини на тимот од скопската населба Пролет со почеток во 15-30 часот. Мечот кој ќе се одигра во “Јане Сандански’ ќе го судат Начевски Виктор (Скопје) и Божиновски Даниело (Битола).