Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Најава на 5.коло во најсилната група Б, дерби мечевите се во Веспрем и Монпелје
Најава на 5.коло во најсилната група Б, дерби мечевите се во Веспрем и Монпелје

Најава на 5.коло во најсилната група Б, дерби мечевите се во Веспрем и Монпелје

Во сабота ќе се одиграат сите натпревари од 5.коло во најсилната група Б од Лигата на Шампионите.

Вардар има тешко гостување кај екипата на Веспрем, а мечот доаѓа после високиот пораз од Кил. Дали Вардар ќе успее да се врати психички и да прикаже подобра игра останува да видиме. „Веспрем Арената“ е жежок терен за секој противник, но не и неосвоива тврдина. Црвено-црните знаат како е да се победува во оваа арена, тоа им успеа и минатата сезона кога славеа на гостувањето кај Веспрем. Од друга страна, унгарскиот шампион во минатото коло ја прекина серијата од два последователни порази и пред своите навивачи убедливо го победи Порто. Картите се отворени, Вардар и Веспрем одлично се познаваат, шансите за победа се подеднакви, противникот има блага предност поради домашниот терен и преполната арена која е распродадена за овој меч.

Второто дерби во групата Б ќе се одигра во Франција, каде Монпелје е домаќин на Кил. И двете екипи се наоѓаат во серија од три последователни победи, што значи дека формата е во нагорна линија и кај двата тима. Монпелје единствениот пораз сезонава го има токму на домашен терен и тоа во првото коло од Вардар, додека Кил сезонава не знае за пораз. Чија победничка серија ќе биде прекината останува да видиме, шансите за триумф на двете екипи се еднакви.

Порто ќе се обиде да се врати на победите во дуел против екипата на Мотор Запорожје, кој сезонава ја започна лошо со четири порази од исто толку мечеви. Фаворитската улога е на страната на Порто, кој има две победи сезонава и двете пред својата публика. На Мотор Запорожје ќе му биде тешко да ја прекине лошата серија, но доколку сака во продолжение од сезоната да се надева на пласман на 6.позиција ќе мора да победи на ова гостување.

Право на кикс немаат ниту Киелце, тим кој се наоаѓа во многу лоша серија од два порази, последниот го претрпеа во својата арена. Нивен противник во сабота ќе биде екипата на Брест Мешков, која во мнатото коло стигна до првиот триумф оваа сезона. Фаворит е тимот на Киелце, но домашниот терен на белорусите може да биде повод за неизвесен меч и можно изненадување на овој дуел.

Двојките за следното 5.коло во најсилната група Б изгледаат вака:

Веспрем – Вардар  ( 17:30)

Порто- Мотор Запорожје  ( 16:30)

Монпелје – Кил  ( 17:15)

Брест Мешков – Киелце  ( 17:00)