Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Васоски: Ќе се вложиме со наши контакти од странство да донесеме играчи на заем, кои ќе ни помогнат
Васоски: Ќе се вложиме со наши контакти од странство да донесеме играчи на заем, кои ќе ни помогнат

Васоски: Ќе се вложиме со наши контакти од странство да донесеме играчи на заем, кои ќе ни помогнат

Најтрофејниот македонски клуб Вардар од завчера има нов тренер во Александар Васоки и нов спортски директор Ѓоко Хаџиевски, кои веќе го одработија својот прв меч вчера во ремито со Силекс 2-2, па денеска официјално беа промовирани на своите функции, во тешкиот период на црвено-црните во кој најголемата македонска гордост се бори да застане на здрави нозе.

„Морална одговорност беше да прифатам и да помогнам во овој тежок период. Вардар мене ми даде сѐ, од Вардар заминав во Германија, ја освоив последната титула, потоа дојде заминувањето поради неиздржливата состојба во која се најде клубот. Јас се надевам дека ќе запливаме во подобри води, освоивме бод што е еден мал напредок, а се надевам дека со два-три играчи ќе се доекипираме за до полусезона. Со Хаџиевски ќе се вложиме со наши контакти од странство, Србија, Хрватска, да донесеме играчи на заем, кои ќе ни помогнат, зашто знаете какви се тенки финансиите.

Вардар во следното коло му гостува на шампионот во нова тешка задача.