Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Александар Васовски ќе го води Вардар против Шкендија!?
Александар Васовски ќе го води Вардар против Шкендија!?

Александар Васовски ќе го води Вардар против Шкендија!?

Чедомир Јаневски по нецела сезона си заминува од тимот на Вардар, замената е експресно најдена во Бобан Бабунски, кој досега беше тренер на младинците на Вардар.

Но, иако од управата е веќе избран Бобан Бабунски како нов предводник на црвено – црните, сепак, Бабунски сеуште нема право да седне на кормилото бидејќи Јаневски побарал некој услови од Вардар пред да си замине.

Па така по се изгледа на дерби дуелот со Шкендија кој е на програмата в среда, предводник од клупата ќе биде Александар Васовски, кој останува во стручниот тим и во иднина.