Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Васоски: Имаме реални шанси да поминеме понатаму – Грнчаров: се надевам на поволен резултат и со гол од гости
Васоски: Имаме реални шанси да поминеме понатаму – Грнчаров: се надевам на поволен резултат и со гол од гости

Васоски: Имаме реални шанси да поминеме понатаму – Грнчаров: се надевам на поволен резултат и со гол од гости

Денес во прес салата во С.Ц. Јане Сандански се одржа прес-коференција пред натпреварот во вторник со екипата на Апоел во Кипар. За очекувањата од дуелот со Апоел и колкави се шансите да се најдеме во слетното квалификациско коло, зборуваа помошниот тренер Александар Васоски и заменик капитенот Бобан Грнчаров.

Васоски очекува повторување на успехот од пред десет години, кога црвено-црните беа блиску до пласман во главната групна фаза.

-Екипа која заслужва почит и големо внимание. Имавме можност да ги гледаме во живо сите натпревари на АПОЕЛ на подготовките. Добро ги анализиравме, имаме реални шанси да ги поминеме. Ние сме екипа  која две години игра заедно и сметам дека шансите се 50/50, но не треба да не залажува фактот дека играат во Лигата на шампиони изминативе години. Апоел има слабости кои не сакам да ги коментирам сега, а на тие слабости работевме на тренинзите. Не не залажуваат нивните порази на подготовките, тоа е само лажна слика, бидејќи кога Апоел игра дома игра многу поинаку. Имаме реални шанси да поминене, тоа е наша заедничка цел и сакаме да го повториме успехот што го направи Вардар пред 10 години, изјави на пресот Васоски.

-Бобан Грнчаров повторно ќе се врати во Никозија, но овој пат ќе игра против својот поранешен клуб-Апоел, со кој настапуваше во Лигата на шампионите по групи.

-Пред пет години играв во двојно посилен Апоел. Сега тие покажаа многу слабости во Полска и според мене шансите се 50-50. Можеби мала предност имаат, само поради искуството во ЛШ. Имаме добра атмосфера пред гостувањето и се надевам на поволен резултат и со гол од гости.

Грнчаров смета дека не треба да се бара оправдавувања во толата клима која владее во Никозија.

И во Скопје во последните денови беше пеколно. Плус, и Апоел не се привикнати на климата. Беа 15-на дена во Полска, штотуку се вратија. Се работи за меч од 90 минути и таа клима нема многу да значи. Барање на алиби е дека климата ќе ни смета, изјави Грначаров на денешната прескоференција.
Фото: Спортмедиа мк.