Вардарци одржаа прескоференција во пресрет на првиот од двата дуела, што треба да се одиграат против екипата на Апоел од Никозија. На денешниот прес зборуваше шефот на стручниот штаб, Сергеј Андреев кој изрази задоволство од подготовките и за шансите на неговиот тим против Кипарскиот шампион.
-Почнавме со подготовки на 8 јуни, а од 18 јуни заминавме во Австрија каде што минавме две недели и одигравме пријателски натпревари. Од моја гледна точка, подготовките минаа многу добро. Дека не беше се така идеално покажува повредата на нашиот голман Матија Кобетиќ кого го чека долга пауза и на кого му посакуваме побрзо да се врати на терените. Противниците против кои одигравме во Австрија беа на едно високо ниво. Резултатите не ни беа во прв план, туку важно беше да ја подготвиме тактиката и да се воиграме. Имавме четири недели за подготовка, и мислам дека тоа е малку време за да бидеме 100 насто подготвени. Но сме на добар пат. Што се донесува до АПОЕЛ, тоа е екипа која е едно на домашен терен, а сосема друго на гостински терен. Гледавме две пријателски натпревари јас и мојот соработник Васоски. Не можеме да кажеме со кој состав ќе играат. Имаат искуство во Лигата на шампионите, а го гледав натпреварот во 2009 кога го победија силниот Зенит. Но, одиме таму да извадиме добар резултат.
Црвено-црните во преодниот рок се засилија со седум нови играчи, кои ќе имаат забележителна улога и во двомечот со Апоел.
Нас ни пристапија седум нови играчи. Од тие седум, 3-4 сигурно ќе бидат во нашиот стартен тим во Никозија. Тоа доволно кажува дека сум задоволен од новите играчи, изјави Андреев на прескоференцијата.