Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар ја запиша првата пролетна победа, Крстевски донесе важни три бода
Вардар ја запиша првата пролетна победа, Крстевски донесе важни три бода

Вардар ја запиша првата пролетна победа, Крстевски донесе важни три бода

Фудбалерите на Вардар ја запишаа првата пролетна победа, откако попладнево на домашен терен ја победија екипата на Беласица со резултат 1:0 (1:0). Стрелец на голот за важни три бода беше младиот Крстевски во првиот дел од натпреварот.

Првите 15-сетина минути од дуелот минаа без посериозни шанси, односно и двете екипи ги опипуваа силите. По 20-сетата минута, Вардар започна да игра подобар фудбал и да ја бара својата шанса за погодок. За одбележување беше шанса за Петковски, кој биеше добро одкосо од 15-сетина метри, а голманот на гостите одрани и изби во корнер. Голот дојде во 31. минута за Вардар.  По нафрлањето од левата страна од слободен удар, Мирчевски одлично асистираше до Виктор Крстевски кој од 7-8 метри смести во мрежата на гостите. До крајот на првиот дел, Беласица имаше една опасна шанса преку Пеев, но Илиќ беше на висина на задачата и одбрани.

Во вториот дел гостинот ја имаше иницијативата, додека пак Вардар својата шанса ја чекаше по грешка на противникот. Работите се сменија во 64.минута, откако еден играч на гостинот доби директен црвен картон и го спречи Блажевски веројатно да постигне погодок. По црвениот картон, Вардар имаше слободен удар, Најденов добро биеше, но голманот на гостите некако одбрани и остана 1:0. Иницијатива на Вардар продолжи по црвениот картон, Блажевски добро нафрлуваше, но недостасуваше само завршница и натпреварот да биде решен. Се играше 77.минута, а Беласица имаше добра шанса да израмни, но Илиќ беше одличен и спаси сигурен погодок на гостинот. На другата страна во истата минута, Најденов имаше добра шанса, но биеше за малку покрај голот на гостите. Пред крајот на дуелот Вардар погоди и пречка за 2:0. На крајот победа и многу важни три бода за ,,црвено – црните”.