Фудбалерите на Вардар ја запишаа првата пролетна победа, откако попладнево на домашен терен ја победија екипата на Беласица со резултат 1:0 (1:0). Стрелец на голот за важни три бода беше младиот Крстевски во првиот дел од натпреварот.
Иако Крстевски погоди за три бода, според ,,Вардар Фанс” играч на денешиот дуел е голманот на Вардар, Филип Илиќ. Илиќ буквално го спаси својот тим во финишот од денешниот дуел со одлична интервенција, а во текот на дуелот имаше уште неколку што спасија гол за гостите. Посакуваме одличната форма на Илиќ да продолжи и на наредниот дуел, кога Вардар гостува во Велес.
Ова беше прва ,,чиста мрежа” пролеттва за Вардар.