Вардар остана со максимален број на освоени бодови и после одигрување на 8.коло во плеј-офот од домашното првенство. Црвено-црните гостуваа во Битола кај младиот тим на Еурофарм Пелистер кој даде силен отпор во првото полувреме, дури и на стартот од вториот дел имаше предност од два гола разлика, но Вардар влезе во серија од 0:8 и го сврте дуелот во своја корист.
Победи во ова коло забележа и екипата на Еурофарм Пелистер која славеше високо на гостувањето кај Струга, додека Металург му врати на Пролет за првиот пораз, овој пат на домашен терен во салата во Автокоманда го победи високо противникот. Во дербито на колото, екипите на Охрид и Бутел ги поделија бодовите играјќи со нерешен резултат.
Резултати од 8 коло:
Охрид – Бутел 22:22
Металург – Пролет 29:22
Струга – Еурофарм Пелистер 16:30
Еуфорарм Пелистер 2 – Вардар 26:33
Вардар и Еурофарм Пелистер се издвоија на врвот на табелата. Вардар е прв со 24 бодови, додека Е.Пелистер има 21 бод. Интересна ќе биде борбата за останатите позиции кои водат во Европските натпреварувања. Во следното 9.коло, на домашен терен Вардар го пречекува тимот на Охрид.