Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Легенди на Вардар и Тетекс вечерва ќе играат ревијален меч во чест на Саздо
Легенди на Вардар и Тетекс вечерва ќе играат ревијален меч во чест на Саздо

Легенди на Вардар и Тетекс вечерва ќе играат ревијален меч во чест на Саздо

Легенди на најтрофејниот македонски клуб Вардар и на братскиот Тетекс, чии навивачи Комити и Војводи се збратимени, ќе играат вечерва ревијален меч во чест на младиот навивач на црвено-црните, Никола Саздовски – Саздо, кој беше убиен од навивачи на Шкупи во скопска Автокоманда.

Најверните вардарови навивачи лесно ги убедиле легендите на двата големи македонски брендови за „ревијално дерби“ на пет годишната комеморација од смртта на Саздо, па дуелот е закажан за вечерва од 19 часот на теренот во Ракотинци, во близина на општина Сопиште.

„Големи фудбалски имиња повторно ќе ја облечат опремата која долго време не им е извадена од плакарите и фиоките.

Не беше воопшто тешко да ги натераме да дојдат и повторно да истрчаат на теренот, за 5 годишната комеморација на еден од нас, кој беше секогаш тука за нив, и не го штедеше гласот и дланките, не жалеше ниту време ниту средства.

СО СРЦЕ ЗА САЗДО !

Како што тој беше со срцето за Вардар. Но беше и за Тетекс и Тетово. И токму тие два клуба кои му беа при срцето, со своите големи фудбалски имиња и славно минато, повторно ќе блеснат, за да ја осветлат ѕвездата. Да и подарат светлина која вечно ќе свети над нашето небо!“, објавија Комити, повикувајќи ги сите свои членови на ревијалниот меч во чест на својот бивш член.

Саздовски беше претепан во Автокоманда на автобуската постројка кај Алкалоид, а после нападот младиот навивач падна во кома и потоа ја загуби животната битка после бруталното претепување.

Извор: sport1.mk