Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Домаќинот поуспешен од ЖРК Вардар на отварањето на меѓународниот турнир
Домаќинот поуспешен од ЖРК Вардар на отварањето на меѓународниот турнир

Домаќинот поуспешен од ЖРК Вардар на отварањето на меѓународниот турнир

Екипата на Ѓорче Петров-ЖРК  од денес  на првиот дел од  меѓународниот турнир “Ѓорче Куп 2022“ се сретна и го совлада нашиот ЖРК  Вардар. Домаќинот на турнирот победи со резултат 32-27.

Првиот дел започна со по три гола на двата тима, за почетна резултатска симетрија 3-3. Во налет беше ривалот кој направи серија и поведе со шест гола  (9-3) успеавме да намалиме и на пауза заминавме со резултат 18-14. Младиот тим на Вардар се бореше во текот на сите 60.минути против шампионот на Македонија, дуелот заврши со победа на домаќинот од 32-27 на крајот.

Прв стрелец беше Ивона Трпевска со 7 гола, кадетката   Сара Стефановска  даде 6 гола, Бојана Коцева  имаше 4 гола, погодија и   Ивана Џатевска (3 гола),  Нина Попова и Магдалена Тошевска со по 2 гола, по еден гол имаа: Борјана Коцева, Ангела Гроздановска  и Бојана Диневска.  На голот  Андреа Илиќ  впиша 8 одбрани, а  Јована Трајкоска  имаше 2 одбрани

Видео од целиот натпревар може да погледнете ОВДЕ!