Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Најдобрите одбрани на „мегдан“ во Битола
Најдобрите одбрани на „мегдан“ во Битола

Најдобрите одбрани на „мегдан“ во Битола

Попладнево на програмата е ново коло од првата македонска фудбалска лига. Во него, сите погледи ќе бидат вперени кон вечното дерби, дербито на вечните ривали Вардар и Пелистер. По 16 одиграни рунди и двете екипи можат да се пофалат со одлично место на табелата. Од вардарци како и што се очекува, се наоѓаат на првото место на табелата со 37 освоени бодови, односно 11 победи, четири нерешени и еден пораз. Пелистерци пак, котираат исто така високо на табелата. Тимот од Битола се наоѓа на третото место на табелата со 29 освоени бодови односно осум помалку од денешниот противник.

7948-vardar-pelister-11-tekstualen-prenos-vo-zhivoИ двете екипи можат да се пофалат дека ги имаат најдобрите одбрани во лигата. И Вардар и Пелистер до овој момент имаат примено само девет погодоци, и се наоѓаат на делба на првата позиција според успешноста на своите одбрани. Тимот на Пелистер до овој момент е во серија од 636 минути без примен погодок. Оваа сезона овие два тима еднаш ги одмерија силите. Во Скопје на 28.09 резултатот беше нерешен 1:1. Во тимот на Пелистер најдобри стрелци досега се бразилецот Кардозо со седум, односно поранешниот играч на Вардар, Бујчевски со четири. Од нив треба да доаѓа најголемата опасност по голот на Гачевски. Очекуваме дерби натпреварот на вечните да мине со многу воздубудања, голови и секако победа на Вардар. Натпреварот започнува во 13 часот.