Thursday ,02 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лазовиќ и Мавсар одлични во победите на Словенија на контролните мечеви пред почетокот на ЕП
Лазовиќ и Мавсар одлични во победите на Словенија на контролните мечеви пред почетокот на ЕП

Лазовиќ и Мавсар одлични во победите на Словенија на контролните мечеви пред почетокот на ЕП

Ракометната женска репрезентација на Словенија активно се подготвува за настапот на европското првенство, кое во периодот од 4-18 декември ќе се одигра во Шведска. За таа цел оваа репрезентација за која настапуваат Барбара Лазовиќ и Тамара Мавсар одиграа два конгтролни натпревари против селекцијата на Швајцарија. Двата меча се одиграа во Терме Зрече и завршија со победи за избраничките на Урош Брегар.

На првиот дуел Словенија славеше со резултат 32:25, на кој Мавсар постигна 4, додека Лазовиќ 3 погодоци. Триумф и на вториот контролен дуел, овој пат со резултат 36:29. На овој натпревар Лазовиќ беше најефикасна со 6 голови, додека Мавсар постигна 5. Во недела стартува ЕП за Словенија, со натпревар против селекцијата на Србија. Во група се наоѓаат уште и селекциите на Шведска и Шпанија.

Меѓусебен контролен натпревар одигра и селкециите на Хрватска и Црна Гора, натпревар кој убедливо со резултат 28:20 им припадна на Хрватска. На овој дуел не настапија Пенезиќ и Човиќ, додека кај Црна Гора, Андреа Кликовац постигна два 2 гола.