Мартин Радуловиќ-Величковиќ во новата сезона ќе биде дел од екипата на Пелистер.
Играчот кој „порасна“ во Вардар, настапувајќи за сите младински категории на клубот, како и за сениорскиот тим, се реши да ја промени средината, односно да остане во ПМФЛ, но овој пат во дресот на Пелистер.
Величковиќ минатата сезона се наметна во составот на Вардаr, беше во ТОП-10 играчи со најголема минутажа, но младиот дефанзивец во новата сезона ќе настапува за Пелистер, клуб со кој потпиша едногодишен договор.