Фудбалскиот клуб Вардар во текот на утрешниот ден ќе одигра два контролни натпревари. Најпрво во Струга со почеток од 10:00 часот, младинскиот состав ќе се сретне со екипата на Караорман.
Попладнето од 18:00 часот, црвено-црните во Прилеп ќе се сретнат со екипата на Победа. После овие натпревари, вардаровата експедиција се враќа во Охрид, каде ќе остане до 6-ти август каде ги одработува главниот дел од подготовките во пресрет на новата натпреварувачка сезона.