Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Атлетика > Завировски е во добра форма

Завировски е во добра форма

На националната арена „Филип Втори Македонски“ нашиот атлетичар Петре Завировски забележа нова трка. Овој пат на патеката долга 3.000 метри забележа резултат од 9-55 минути, со што ја потврди својата добра форма во пресрет на продолжение на сезоната. Завировски најави свое учество на националното првенство на Македонија во планинско трчање кое е закажано за 8 Август на Пелистер. Исто така потврди свое учество на 11 Август на првенството на Армијата на Република Македонија.