Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Прв пораз за Шпанија, Гурбиндо одигра солиден натпревар
Прв пораз за Шпанија, Гурбиндо одигра солиден натпревар

Прв пораз за Шпанија, Гурбиндо одигра солиден натпревар

Продолжуваат ракометните натпревари на Олимписките игри во Токио. Вардар има претставник во Едуардо Гурбиндо кој со репрезентацијата на Шпанија го одигра четвртиот натпревар во групата.

Шпанија го претрпе првиот пораз во Токио, откако Франција беше подобра и славеше со резултат 36:31. Заслужена победа за „триколорите“ кои имаа водство во текот на целиот натпревар, а на полувреме заминаа со водство од 18:12.

Само на два пати, Шпанија успеваше да го израмни резултатот и тоа во воведните минути од дуелот, остатокот помина во доминација на Франција.

Едуардо Гурбиндо се запиша во листата на стрелци, постигнувајќи два гола. И покрај поразот, Шпанија е сигурна во 1/4 финалето. Следниот дуел за нив е против селекцијата на Аргентина.