Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Никола Величковски е најдобриот стрелец на пом.пионери во есенскиот дел
Никола Величковски е најдобриот стрелец на пом.пионери во есенскиот дел

Никола Величковски е најдобриот стрелец на пом.пионери во есенскиот дел

Помладите пионери на ФК Вардар се лидери после завршување на есенскиот дел во лигата. На седум одиграни натпревари остварија исто толку победи, додека вардарци беа расположени и со постигнување на голови. Оваа генерација на Вардар успеа да запише вкупно 34 голови, како и 2 во националниот Куп.

Како најдобар стрелец во овој дел од сезоната се покажа капитенот Никола Величковски кој има 9 голови, додека втор е Арбин Курти. Вака изгледа листата на стрелци кај помладите пионери, во предвид се земаат головите во двете натпреварувања.

1. Никола Величковски -9

2. Арбин Курти  -8

3. Филип Јовановски  -6

4. Горјан Цветков -4

5. Михаил Кузмановски и Тино Спасиќ -2

6. Ѓорѓи Дошев, Лука Јакимовски, Стефан Ристовски и Марко Стојилевски -1