Преземено од официјалната страница на навивачите на Вардар, Комити Запад:
Да даруваме крв значи да спасиме живот на некој кој е беспомошен, повреден и некому кому крвта му е неопходна да преживее. Крвта која ја донираме не бира боја, вера ни нација, доаѓа до некого кого не познаваме, а да спасиш живот некому кого не познаваш, е веројатно една од најблагодарните нешта кои можеме да ги сториме. Нешта кои влеваат надеж дека не сме сами, дека секогаш има луѓе кои во името на хуманоста се спремни безусловно да дадат дел од себе за да спасат други…други кои некогаш можеме да бидеме и ние самите, затоа што никој не е имун на судбината ниту доволно силен за да може самиот, секогаш, се…
Во време кога се промовира индивидуалноста поради општото добро, кога сме одговорни за сметка на социјалниот живот, ние повторно можеме да поврзуваме и да ја развиваме колективната свест со нашите индивидуални постапки.
Мотивите се секогаш различни но хумани, а во време кога висат судбините на нашата љубов и татковина, најдобар мотив покрај хуманоста е дека Крвта своја е за Вардар и Македонија !
На барање на Црвен Крст на Македонија – Даре Џамбаз, и Трансфузиологија, повторно во служба на народот !
Вторник, 29.12.2020г.
Локација: Даре Џамбаз
Време: 10:00 – 17:30ч. (по потреба ќе се продолжи)
(Идентификација и крвна група)