Фудбалскиот клуб Вардар има многу талентирани играчи во своите младински категории. Еден таков пример е Никола Величковски кој настапува за генерацијата родени “2005“ година, а воедно е и капитен на оваа надежна генерација која ја предводи тренерот Игор Кралевски. Никола оваа сезона е вистински лидер на својот тим и еден од најзаслужните за добрите резултати на својата екипа која стана есенски шампион во својата генерација со максимален број на освоени бодови. Тој е најдобар стрелец на оваа генерација, со вкупно 22 постигнати голови во есенскиот дел од сезоната. Доминантен во играта со противничките играчи, располага со одлична техника и пред се чуство за постигнување голови. Ги поседува сите играчки квалитети кои се основни за еден млад играч да стане врвен фудбалер во иднина. Капитен на тимот кој секогаш го предводи кон нови победи. Токму во следново интервју ве запознаваме со Никола Величковски од ФК Вардар , генерација “2005“.
1. Што ве потикна да почнете да тренирате фудбал и на колку години започнавте да играте. Кој беше ваш прв клуб и тренер со кој имавте можност да работите ?
-Од секогаш моја желба и мој сон беше фудбалот, а сето тоа беше потикнато од игрите на мојот омилен тим Баерн Минхен посебно на најдобриот фудбалер Роберт Левандовски. Првите чекори во фудбалот ги направив во училишниот клуб КФЦ-при основното училиште Х.Т.Карпош,на 7 години со тренерот и проф.по физичко ,Димитар Бадев,кој го забележа мојот талент. По една година дојдов во ФК вардар и тренер ми беше Зоран Петковски.
2. Со генерацијата “2005“ станавте есенски шампион со максимален број на освоени бодови. Ваша анализа на изминатата полусезона, како вие ја видовте и колку сте задоволни од прикажаните игри и резултати на вашата генерација ?
-Оваа сезона на чело на ФК Вардар генерација 2005 дојде тренерот Игор Кралевски.Тренерот не подели во две групи и секој ден работевме на подобрување на сите елементи од фудбалската игра. Тренерот не научи да веруваме во себе и тимот и го извлече од сите нас најдоброто. Не научи дека е гордост да бидеш дел од најдобриот клуб ФК Вардар. Во нашата генерација има многу талентирани фудбалери кои се мои другари можам да кажам за оваа полусезона дека не красеше тимската игра и борбеност.
3. Оваа сезона сте на најдобар пат да завршите како најдобар стрелец во својата генерација. Дали кај Никола има евидентен напредок и на што се должи поголемиот број на постигнати голови во однос на минатата сезона ?
-Фудбалот е мојот сон и секој ден работам напорно за да ги реализирам поставените цели. Затоа сум среќен што во континуитет напредувам. Сакам како и секој фудбалер да бидам најдобар. Сепак најважно ми е тимот да победува и да ја освоиме шампионската титула.
4. Во новата сезона имате можност да работите со Игор Кралевски, кој има големо искуство како играч. Како ја оценувате неговата работа, колку неговото знаење и напорна работа ви го пренесе на вас младите ?
-Тренерот Игор Кралевски е вистински модел на тренер за нас младите фудбалери. На секој од нас на тренинзите ни посветува внимание и не учи и ни го пренесува неговото знаење и богато фудбалско искуство. Тој бил еден од нашите најдобри фудбалери и ни стана вистински идол. Тренерот не научи дека со дисциплина, упорност, напорна работа и самодоверба можеме да станеме добри личности и врвни фудбалери. Под негово водство оваа сезона наликуваме на играта тика-така на Барселона. Играме колективно, дисциплинирано и со паметни додавања.
5. Што претставува за вас името Вардар и играњето во овој клуб ?
-ФК Вардар е најпознат и најдобар клуб во Македонија. Тренерот не научи дека е голема чест и гордост да бидеш дел од овој клуб. Затоа ќе се трудиме да ја оправдаме довербата.
6. На почетокот на сезоната бевте дел од силниот меѓународен турнир “Фер Плеј Куп“ во Охрид, на кој го освоивте второто место, а вие бевте најдобар стрелец на својата екипа. Може неколку зборови за остварениот пласман и целокупниот впечаток од споменатиот турнир ?
-На турнирот во Охрид сите отидовме со желба да покажеме добра игра и да го освоиме турнирот.Имаше многу екипи, секој натпревар го игравме со желба за победа. Ги победивме сите, но на крајот во финалето изгубивме на пенали. Бев среќен за признанието најдобар стрелец, но не целосно затоа што сепак најважно е тимот да биде шампион. Но тоа е спортот, продолживме понатаму и научивме дека и поразот е дел од натпреварувањеро. Фудбалот е тимска иигра, заслужни за мојот пехар”најдобар стрелец”се сите мои другари од тимот.
7. Кое е вашето мислење за проекот “Јуниор“ лига и колку истиот има значење за вас младите играчи ?
-Проектот “Јуниор“ лига е одличен особено за нас младите фудбалери. Секоја недела играме многу натпревари со што стануваме уште подобри и посилни во фудбалската игра. Оваа лига исто така не научи и на фер плеј.
8. Кои се очекувањата за пролетниот дел од сезоната во детската лига. Дами сметате дека можете да го подобрите пласманот од минатата сезона и да завршите на првото место ?
-Целта на нашиот клуб е една и единствена,а тоа е шампионската титула . Мислам дека имаме најдобар тим и најдобар тренер и се надеваме на прво место.
9. Дали Никола има визија за во иднина и каде се препознавате како играч ?
-Мој сон е да играм прво во мојот клуб Вардар, а потоа во Баерн Минхен и се надевам дека еден ден ќе бидам дел од нашата Македонска фудбалска репрезентација.
Звонко Ивановски