Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Момците од ФК Вардар на заслужен зимски одмор
Момците од ФК Вардар на заслужен зимски одмор

Момците од ФК Вардар на заслужен зимски одмор

Последен официјален меч за фудбалскиот црвено-црн колектив во натпреварувачката 2016 година беше натпреварот во  Купот против Металург. На тој меч  нашиот тим обезбеди учество во полуфиналето во ова најмасовно натпреварување.  По тој последен дуел момците од вчера веќе се   на зимски одмор кој ќе трае околу дваесетина дена.

Според планот и програмата на стручниот штаб на ФК Вардар зимските подготовки би требало да започнат во неколку дена  после  празникот Божиќ, на почетокот  во 2017 година.  Како што се вели од клубот за точните датуми и термини ќе има  дополнителна информација на  официјална веб страница на клубот во следниот период. Натпреварувачката полусезона  ја завршивме како пласиран тим во  полуфиналето од Купот на Република Македонија. Црвено-црниот тим  заврши како првопласиран на табелата во Првата лига, односно како “есенски шампион“. Ние  ќе презими на врвот од табелата во ПМФЛ по одиграните два круга од четири колку што има првата лига оваа сезона.