Господинот Сергеј Самсоненко испрати честитки до сите верници кои денеска го слават Христовото воскресение. Во целост ви ја пренесуваме честитката од Сергеј Самсоненко.
Во празничните денови во кои го славиме Христовото воскресение, нашите молитви нека бидат посветени за мир, здравје и напредок на нашите семејства. Велигден е време на вложување во заедништво и солидарност, вистинско почитување и уважување.
Славејќи ја победата на животот над смртта, доброто над злото, праведноста над неправдата, да се свртиме едни кон други и да ја поделиме радоста на овој празник со најблиските, пријателите, слабите и оние на кои им е потребна помош. Да ги насочиме нашите мисли кон заедничко напредување и благосостојба на секој човек.
Овие празнични денови носат порака дека силата е во слогата и разбирањето. Христијанството соединува и поврзува, давајќи надеж за полесно соочување со сите искушенија. Радоста на Христовото воскресение на сите христијански верници нека им донесе мир, здравје и секое добро.
Сергеј Самсоненко