Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Познати патниците на Ф4 во Будимпешта, во вторник Вардар го дознава противникот во полуфиналето

Познати патниците на Ф4 во Будимпешта, во вторник Вардар го дознава противникот во полуфиналето

Вардар, ЦСМ Букурешт, Будуќност и Ѓер ќе се борат за европската титула во лигата на шампионите во оваа натпреварувачка сезона. Ова е епилогот од одиграните реванш натпревари во четвртфиналето од најголемото ракометно натпреварување. И на возвратните мечеви победи забележаа екипите на ЦСМ Букурешт, Будуќност, како и Вардар во дуелите против ФТЦ, Ларвик и Митјиланд. Ѓер пак успеа да ја анулира негативата од еден гол на првиот меч во Франција против Мец и пред својата публика да слави со резултат 28:22, кој беше доволен за пласман на завршниот турнир.

Истиве екипи беа дел од Ф4 и минатата сезона, кога со европската титула се закити тимот на ЦСМ Букурешт од Романија. Тие тогаш во полуфиналето најпрво го победија Вардар, за во финалето да бидат подобри од Ѓер. Полуфиналните двојки за оваа сезона ќе бидат познати во вторник со почеток од 11 часот. Со нетрпение го очекуваме противникот на Вардар и пречката за пласман во големото финале.