Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Велковски: Бев пријатно изненаден од оваа одлука, но ја прифатив одговорноста
Велковски:  Бев пријатно изненаден од оваа одлука, но ја прифатив одговорноста

Велковски: Бев пријатно изненаден од оваа одлука, но ја прифатив одговорноста

Дарко Велковски доби голема чест од стручниот штаб на Вардар да ја носи капитенската лента на натпреварот против тимот на Работнички. Велковски со само 22 години стана еден од ретките млади играчи кои некогаш ја носеле капитенската лента на Вардар.

Велковски за официјалниот сајт на клубот го изјави следното:

„И покрај тоа што имаше поискусни од мене на теренот, сепак, стручниот штаб непосредно пред мечот ми соопшти дека јас ќе бидам капитен на тимот. Бев пријатно изненаден од оваа одлука, но ја прифатив одговорноста. Кога си капитен на екипа која што има најмногу титули, таква голема историја каква што има Вардар, тогаш таа улога има специфична и голема тежина. Сепак, чест ми е што ми беше доделена оваа улога и се надевам дека добро ја исполнив. Голема одговорност е да се биде капитен на Вардар, но во исто време и чест“, рече Велковски.