Friday ,04 October 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > ЖРК Вардар во четири дена ќе одигра четири меча за нова “двојна круна“
ЖРК Вардар во четири дена ќе одигра четири меча за нова “двојна круна“

ЖРК Вардар во четири дена ќе одигра четири меча за нова “двојна круна“

Девојките на  Вардар кои се  мини паузата откако одиграа Ф-4 турнир во ЕХФ лигата на шампионите,  наскоро ги  очекуваат домашните обврски. Тие ќе настапат на два фронта  во Купот на Република Македонија и во женската Супер Лига, натпреварувања во кои ги бранат ланските титули.

Нив ги очекува згуснат распоред  тие  ќе одиграат четири меча  за четири дена. Одбраната на Куп титулата ќе ја почнат со 1/2-финалето со ЖРК  Гевгелија на 19 мај. Тоа се игра  во Автокоманда, а финалето ќе се игра ден потоа во истата сала. Избраничките на Дибирова Ирина  досега четирипати дојдоа до пехарот  во  Купот на Македонија. На 21 мај девојките ќе одмараат, а веќе на 22-ти, понеделник   ќе го  одиграат плеј-оф натпреварите што решаваат за титулата во  лига. Тие се  ќе се играат во малата сала во СЦ „Јане Сандански”. Во плеј-офот за титулата ќе разигруваат првите три екипи од регуларниот дел на сезоната, и екипата на Вардар. Двојките за полуфиналето на плеј-офот се:

Вардар – Куманово (11 часот)

Вардар СЦЈС – Металург (13 часот) 

*Финалето кое ќе го даде шампионот на Македонија се игра   18-00 часот во малата сала при  Спортскиот центар “Јане Сандански” во Скопје.