Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Шанса за фановите да им доделат медали на Ф-4 турнирот во Келн на своите херои
Шанса за фановите да им  доделат  медали на Ф-4 турнирот во Келн на своите херои

Шанса за фановите да им доделат медали на Ф-4 турнирот во Келн на своите херои

Фановите кои имаат влезници за овогодинешното издание на ЕХФ Ф4 турнирот можат да учествуваат на натпреварот и да ja искористат  единствена можност која им се нуди. Тоа е приликата која организаторите на  ЕХФ фајнал-фор турнирот им нудат можност на фановите да ги запознаат своите херои и да им ги претстават Тимур Дибиров, Игор Карачиќ, Алекс Душебаев и нивните соиграчи на церемонијата за доделување на медали пред 19.750 гледачи во „ЛАНКСЕС арената” во Келн.

Избраниот фан на Вардар ќе добие уникатна можност да прослави на терен заедно со својот клуб и играчите, во недела, на 4-ти јуни.Секој од победниците ќе добие и специјален ВЕЛУКС ЕХФ Ф4 пакет спонзориран од Салминг и врамена фотографија на која што ќе бидат фотографирани фановите со својот тим по завршувањето на настанот. Победниците исто така ќе бидат објавени и во официјалниот весник на настанот кој ќе биде објавен на завршниот ден.

Твојата шанса за #meetyourheroes

-За да го освоите овој незаборавен момент, се што треба да направите е да ни ја раскажете вашата приказна. Што те прави тебе најголем фан на твојот тим?

Објавете фотографија или видео на нашите официјални канали на ЕХФ Лигата на Шампиони или на Твитер, Инстаграм, Снепчет или Фејсбук користејќи го нашиот хаштаг #meetyourheroes.

Исто така можете да ја испратите вашата апликација на е-маил адресата media@eurohandball.com. Крајниот рок за аплицирање е Четврток, 25 Мај 2017 до 17 часот.

За да учествувате во овој избор мора да имате важечка влезница за ВЕЛУКС ЕХФ Ф4 турнирот кој што ќе се одржи на 3-4 јуни 2017. Четворицата победници задолжително треба да присуствуваат на пробата за завршната церемонија во „ЛАНКСЕС арената„ која ќе се одржи во недела наутро, на 4-ти јуни 2017. Влезниците сè уште се во продажба. Доколку сакате да учествувате, а сè уште не сте го обезбедиле вашето место на настанот, ограничен број на влезници сè уште се во продажба. Повеќе информации на следниот линк –  http://www.ticketplus.mk.