Дарко Велковски денес потпиша договор на три години со екипата на Ријека од Хрватска. Откако одби да го продолжи договорот со црвено-црните, репрезентативецот на Македонија пролетниот дел го помина тренирајќи со младинците на Вардар, без да забележи настап за првиот тим. Уште од поодамна, Велковски се поврзуваше со транфер во овој клуб, а денес потврдите и станаа официјални.
-Ријека е одличен град. Првите импресии ми велат дека луѓето се фантастични. Се надевам дека ќе играм и ќе напредувам, натпреварите од хрватското првенство ги следев на телевизија и познавам дел од играчите, пред се оние од Динамо и од Хајдук. Стефан Ристовски ми кажа се најдобро за Ријека, како за клубот така и за навивачите. Го познавам и Леонард Жута кој настапуваше за Македонија, како и Милан Ристовски, истакна Велковски на претставувањето во новиот клуб.