Завршниот турнир за кошаркари до 14 години, стартува денес, а како домаќин организатор е екипата на МВП Струмица. Нашиот тим, Вардар М14 го игра првиот полуфинален натпревар против екипата на Дино Баскет со почеток во 17:00 часот.
Во другото полуфинале тимот на КК МВП ќе се сретне со екипата на КК Партизан. Побединците од двете полуфиналиња ќе се сертнат утре, 23.мај во големото финале со почеток во 17 часот и 30.минути. Поразените ќе играат за “бронза“ во 15-00 часот.
Им посакуваме среќа на младите надежи и да се вратат со шампионскиот пехар!