Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор утре гостува в Прилеп во дуел клучен за избегнување на баражот за опстанок
Вардар Јуниор утре гостува в Прилеп во дуел клучен за избегнување на баражот за опстанок

Вардар Јуниор утре гостува в Прилеп во дуел клучен за избегнување на баражот за опстанок

Младиот тим на РК Вардар Јуниор, утре, 23.мај  гостува кај екипата на РК  Прилеп 2010 во истоимениот град. Ова е дуел клучен за избегнување на баражот за опстанок во суперлигашката конкуренција. Натпреварот утре е закажан со почеток во 17-00 часот.

Момците на Стојан Петрушевски досега имаат 16. бода во плеј-аут сегментот, нашиот противник има три помалку, 13.бода и се наоѓа на последната позиција која води во баражот за опстанок против второпласираниот тим од Првата лига. До крајот по овој дуел ние имаме уште два меча, прилепчани за играње имаат уште само еден натпревар в гости кај Металург-2.