Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Давид Велковски: Среќен сум што после кратко време поминато во клубот имав шанса да дебитирам за првиот тим на Вардар
Давид Велковски: Среќен сум што после кратко време поминато во клубот имав шанса да дебитирам за првиот тим на Вардар

Давид Велковски: Среќен сум што после кратко време поминато во клубот имав шанса да дебитирам за првиот тим на Вардар

На последниот меч за оваа натпреварувачка сезона, на кој Вардар гостуваше во Чаир на екипата на Шкупи, можност да дебитираат во првиот тим добија пет играчи од младинскиот погон. Еден од нив беше и Давид Велковски, кој се најде во стартниот состав на овој дуел, кој црвено-црните го загубија со резултат 4:1. Давид дојде во Вардар, на стартот од пролетниот дел на сезоната, од екипата на Брегалница. Своите почетоци ги има во екипата на Овче Поле, по што преминува да биде дел од фудбалската академија во Штип. Последните две ипол години ги помина во младинските екипи на Брегалница, настапувајќи за пионерите и кадетите на овој клуб. Во пролетниот дел се наметна во првиот состав на младинците на Вардар, кои ги предводеше Бобан Бабунски, се до моментот кога премина во првиот тим, како шеф на стручниот штаб.

vardarfans-velkovski

-Во Вардар дојдов по своја лична иницијатива и со подршка од најблиските, сите ме прифатија за многу кратко време и се вклопив неочекувано брзо. На секој натпревар го давав својот максимум и како одминуваше пролетниот дел од сезоната беше се подобро. Со сите играчи имам коректен однос, највеќе време поминувам со оние кои престојуваат со мене во кампот.

-Давид е задоволен и среќен од пружаната шанса да дебитира за првиот тим, со надеж дека ќе има уште поголеми успеси со клубот во кој останува и во следната натпреварувачка сезона.

-Среќен сум што после кратко време поминато во клубот имав шанса да дебитирам за првиот тим. Чувството да го носам дресот на најголемиот клуб во Македонија е неопистливо и е голема одговорност. Голема поддршка имав од тренерите Бабунски Раденко Бојовиќ. Самата помисла дека ке играм за првиот тим на Вардар ме возбудуваше и имав голема трема, се додека не започна натпреварот. Дефинитивно останувам во Вардар, со цел да остварам што повеке успеси.

Звонко Ивановски