Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Избраниците на Будимир утре дел од кадетскиот Ф4, вардарци ќе се обидат да ги обединат пионерската и кадетската круна во Македонија
Избраниците на Будимир утре дел од кадетскиот Ф4, вардарци ќе се обидат да ги обединат пионерската и кадетската круна во Македонија

Избраниците на Будимир утре дел од кадетскиот Ф4, вардарци ќе се обидат да ги обединат пионерската и кадетската круна во Македонија

За одигрување во младинските ракометни  лиги во земјава остана само уште завршницата во кадетската машка лига. Утре, 24.мај завршниот Ф4 турнир во оваа генерација ќе се одржи во Прилеп, натпреварите на најдобрите четири кадетски екипи по регуларниот дел  помеѓу кој и тимот на Вардар ќе се играат во салата при СОУ “Р.Р-Ричков“.

q

Момците на Будимир, пионерите на Вардар кој покрај пионерската играат со истиот состав и во кадетската лига ќе се обидат да ги обединат двете титули. На завршниот Ф4 во пионерската лига тие на доминантен начин дојдоа до титулата, претходно и во регуларниот дел имаа 100% ефект. Во кадетската група-3 каде што се натпреваруваа завршија како лидери, со максимални 14 победи од исто толку дуели. Тие постигнаа неверојатни 459 гола, или во просек на секој меч постигнуваа по 33 гола во мрежата на противниците. Одбраната е она што ги краси тие примија само 225 гола, или во просек само 18 по натпревар.

q1

Во кадетската конкуренција самиот завршен турнир ќе биде далеку посериозен предизвик од пионерскиот, на мегдан имаме повозрасни противници од нас, но сепак нашата цел е злато. Тренерот Адријана Будимир ќе инсистира како и досега на “фајтерска“ игра во одбраната на својте момци, и креативност во реализиацијата. Тимот е одлично вкомпониран, тактичиот и физичкиот дел нивниот ментор одамна го има реализирано. Нашите момци утре рано наутро околу 9-00 часот тргнуваат од Скопје за Прилеп на овој Ф4. За противник во полуфиналето го имаме исклучително силниот тим на РК Струга од истоимениот град. Во продолжение полуфиналните двојки и термините за финалните дуели.

  • 1/2фин. РК Прилеп- РК Астаион, 10-30часот
  • 1/2фин. РК ВАРДАР- РК Струга, 12-30 часот
  • Меч за 3-то место, 17-00 часот 
  • ФИНАЛЕ НА Ф4, 19-00 часот