Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор утре гостува кај ЖРК Пелистер во последниот дуел сезонава
Вардар Јуниор утре гостува кај ЖРК Пелистер во последниот дуел сезонава

Вардар Јуниор утре гостува кај ЖРК Пелистер во последниот дуел сезонава

На младите девојки од сениорскиот тим на Вардар Јуниор им преостанува да  го одиграат последното коло во натпреварувачката сезона 2017/2018 во женската суперлигашка конкуренција. Тие во овој дуел од 28.коло ќе го играат в гости во салата “Младост“ – Битола.

Натпреварот против  екипата на ЖРК Пелистер на програмата е утре, четврток, 24.мај со почеток во  19-30 часот. Истиот е без посебно резултатско значење за двата тима, девојките на Симе Симовски оваа сезона ќе ја завршат секако на петтата позиција на табелата. Тие значајно подмладени влегоа во оваа сезона каде собраа доста суперлигашко искуство.