Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар утре рано наутро лета за Германија, ние први пристигаме во Келн
РК Вардар утре рано наутро лета за Германија, ние први пристигаме во Келн

РК Вардар утре рано наутро лета за Германија, ние први пристигаме во Келн

Бранителот на европската круна  во ЕХФ  Лигата на шампионите, нашиот РК Вардар ќе биде прва екипа  која ќе пристигне во Келн.  Германскиот град ќе биде викендов центар на ракометните моќници на “стариот континент“  кои ќе се борат за највисокото место на пиедесталот.

Момците на Раул Гонзалез  утре, четврток,  рано наутро  заминуваат  за Германија. Kако што е  најавено од  ЕХФ пристигнувањето во хотелот каде ќе бидат сместени се очекува околу  9:30 часот. Според очекувањата втори  пристигуваат нашите ривали во полуфиналето,  ракометарите на Монпелје околу 18-00 часот. Другите два француски тима ќе пристигнат подоцна во своите пестојувалишта во Келн.