Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вардар смета на Битанг и во иднина
Вардар смета на Битанг и во иднина

Вардар смета на Битанг и во иднина

Дознаваме дека ФК Вардар има намера да го задржи Камерунскиот интернационалец Кларенс Битанг кој оваа пролет беше најстандарден играч и кај Јаневски и кај Бабунски, настапи на 17 натпревари, или вкупно одигра 1377 минути.

25-годишниот фудбалер пред се со борбеноста и големиот радиус на движење го задржува доброто мислење и останува во Вардар и во наредниот период. Само за потсетување, Битанг дојде во Вардар ова зимо од грчкиот шампионат, а претходно беше дел и од својата репрезентација на Купот на Африканските нации.

- Битанг ќе биде еден од оние интернационалци кој остануваат во Вардар.