Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Деби победа за Мичка со младинците на ФК Вардар
Деби победа за Мичка со младинците на ФК Вардар

Деби победа за Мичка со младинците на ФК Вардар

Младинците на ФК Вардар ја остварија првата победа во подготвителниот период. Прв триумф и за новиот стратег на младинците Милан Илиевски-Мичка кој денес на комплексот во населбата Хиподром за противник го имаше тимот на Кул. Натпревар на кој Вардар беше подобар и славеше триумф со резултат 2:0.

1 2

Тренерот Илиевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Јовчев, Стојилевски, Трпезановски, Гроздановски, Трајковски, Серафимов, Дошев, Илиевски, Здравковски, Живков и Величковски.

Без оглед на големиот број заминувања од младинската екипа, како и без Ричков и Јусуфи, кои се на подготовки со сениорскиот тим, денес младинците на Вардар сепак успеаа да го добија првиот контролен натпревар во 2022 година. Имавме теренска иницијатива на теренот, која беше крунисана за предност од 1:0. Од корнер нафрли топка Живков, а Никола Величковски беше играчот кој скокна со глава, тресејќи ја мрежата на гостите. Гледавме игра на средината на теренот, двете екипи покажаа желба за надигрување, но по првиот дел црвено-црните имаа минимално водство.

3 4 5 7

Вардар имаше поголем посед на топка и во вториот дел, период во кој успеа да постигне уште еден гол, дело на Христијан Гроздановски за предност од 2:0. Во овој дел од мечот имавме шанси и преку Серафимов и Саит, но немаше нов погодок. На крајот победа за Вардар со резултат 2:0. Шанса за игра денес добија сите кои беа на располагање на тренерот Илиевски-Мичка.