РК Вардар 1961 денес во рамките на 18.коло од Супер лигата го пречека тимот на Пролет. Момците на Камара одиграа добар меч. Особено во вториот дел и дојдоа до убедлива победа. Ние триумфиравме со резултат 34-22 (15-12).
Отворивме подобро на почетокот и поведовме со 3-1, потоа следеа „стерилни“ минути за нас во нападот. Ривалот успеа да изеднали на 3-3, резултат со кој се окончаа првите 10.минути на овој првенствен дуел во „Јане Сандански“. Се играше гол за гол поведувавме, но ривалот изедначуваше се до 19.минута кога беше 7-7 на семафорот. Полека почнавме да правиме предност, па прв пат со четири плус поведовме во 28.минута кога за 15-11 стрелаше Моралес Куни. На одмор се замина со резултат 15-12 за црвено-црниот тим.
Одлично вледовме во вториот дел, со серија 3-0 отидовме на до тогаш највисоки шест голови повеќе во 36.минута. За наша предност со 18-13 погоди Чувара Јан. Вардар влезе во ритам и полека за разлика од првиот дел кога тимот на Пролет даваше отпор и беше резултатски блиску бевме доминантен тим. По само 10.минути во вториот дел беше решен победникот, поведовме со високи осум гола. Во 40.минута по контра-напад поведовме со 23-15 преку Дарко Јуриќ по што ривалите побараа минута одмор со цел да ја стопрат нашата доминација на теренот. Сепак немаа шанси против расположените момци во црвено-црна комбинација. Победата дојде со со двоцифрена предност, ние победивме со резултат 34-22.
На оваа средба дури 13.ракометари на Вардар постигнаа голови, во нашите редови најефикасни беа Куни Моралес и хрватот Гаџа со по 5.гола , гол помалку впишаа Дибиров и Ѓукиќ.