Македонија У18 и Црна Гора одиграа без голови на првиот контролен натпревар одигран денес на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Стартери за Македонија беа Давор Серафимов кој одигра и цел натпревар, како и Ѓорѓи Дошев кој помина 80.минути на теренот. Шанса за деби настап во националниот дрес на вториот натпревар на овие репрезентации кој е закажан за во четврток, ќе очекува Никола Филевски.