Tuesday ,19 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Почина легендарниот Кирил Дојчиновски
Почина легендарниот Кирил Дојчиновски

Почина легендарниот Кирил Дојчиновски

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на македонскиот фудбал, Кирил Дојчиновски, почина на 78-годишна возраст.

Фудбалската кариера на Дојчиновски започнува во Вардар, каде што тренира од 1958 година, а во 1963 година добива шанса да заигра во првиот тим. За Вардар има над 100 настапи, а во 1967 година заминува во Црвена ѕвезда.

Дефанзивецот станува легенда и во „црвено-белиот“ дрес кој го носеше до 1974 година и имаше над 200 настапи. Потоа кратко играше во Троа и Париз. Дојчиновски беше и репрезентативец на тогашна Југолсавија и шестпати го носеше националниот дрес.

По завршување на фудбалската кариера, Дојчиновски беше селектор на Ел Салвадор, а потоа работеше и како тренер во Вардар, Ираклис, Македонија ЃП, Пелистер…, а во 2008 година ја заврши и тренерската кариера, и тоа во Вардар, клубот од каде што започна неговата фудбалска приказна.

15965850_1398188590222461_3938650074367273511_n

Прославениот великан на македонскиот фудбал, Кирил Дојчиновски е роден на 14 октомври 1943 година во Скопје. За тимот на Вардар настапува пет сезони во периодот од 1962 до 1967 година. Притоа во дресот со „црвено-црните“ бои има одиграно вкупно 218 натпревари и настапено на 132 првенствени средби.

Легендарниот Дојчиновски исто така во три наврати беше и шеф на стручниот штаб на најтрофејниот македонски фудбалски клуб во сезоните 1990/1991, 1996/1997 и за последен пат во 2007/2008 кога Вардар минуваше низ едни од најтешките денови од неговото постоење