Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Одложен стартот на новата сезона во ВМФЛ, претстојниов викенд ќе нема натпревари
Одложен стартот на новата сезона во ВМФЛ, претстојниов викенд ќе нема натпревари

Одложен стартот на новата сезона во ВМФЛ, претстојниов викенд ќе нема натпревари

Натпреварите од 1.коло во втората македонска фудбала лига и официјално се одложуваат, стои на официјалниот сајт на ФФМ.

За претстојниов викенд беше закажан старт на новата сезона во ВМФЛ, но истиот е одложен. За следниот викенд, ќе продолжат натпреварите од 2.коло.

Вардар требаше во сабота да гостува кај екипата на Арсими, натпревар кој ќе се одигра во друг термин. Првиот натпревар сезонава ќе биде на домашен терен, против екипата на ГФК Охрид.

Комисијата за натпреварување дополнително ќе го одреди терминот за одигрување на одложените натпреварите од првото коло во ВМФЛ.