Saturday ,04 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Први контролни натпревари за пионерските екипи на ФК Вардар, порази на натпреварите со Македонија Ѓ.П
Први контролни натпревари за пионерските екипи на ФК Вардар, порази на натпреварите со Македонија Ѓ.П

Први контролни натпревари за пионерските екипи на ФК Вардар, порази на натпреварите со Македонија Ѓ.П

Пионерските екипа на ФК Вардар во текот на вчерашниот ден ги одиграа првите контролни натпревари во подготвителниот период. Нашите екипи гостуваа на екипата на Македонија Ѓ.П, на теренот со вештачка трева во населбата Ѓорче.

301214150_121033327363784_36615859101778389_n

Помладите пионери на Вардар иако имаа водство од 0:2, сепак на крајот го загубија натпреварот со резултат 4:2. Тренерот на оваа вардарова генерација, Трајче Стојковски, им даде шанса за настап на сите играчи, односно во двете полувремиња играше со различни постави. По првото полувреме имавме минимално водство со голот на Петар Давитов, кој погоди на асистенција од Радески. Во овој дел од мечот за одбележување е големата шанса на Златко Радески, овој пат успешно одбрани голманот на домашниот тим. На нашиот гол, Лука Јаневски, имаше две одбрани, додека на полувреме се замина со резултат 0:1.

301656363_121033630697087_1397603063557041865_n 301990820_121033384030445_2133454528513493517_n

На стартот на второто полувреме, Вардар поведе и со 0:2 преку Михаил Димов кој погоди на одбиена топка. Имаше пад во нашата игра, тоа целосно го искористи домашниот тим кој до крајот на натпреварот постигна четири голови и направи комплетен резултатски пресврт. На нашиот гол застана и Калин Дихсон, кој се истакна со две интервенции. Конечниот резултат на крајот гласеше 4:2 во корист на Македонија Ѓ.П.

Вардар: Јаневски, Смиљков, Радески, Атанасовски, Поповски, Крстевски, Котевски, Блажевски, Керими, Давитов и Јорданоски.
300963880_121070820693368_1106492975148682620_n
Пораз за пионерите на првиот контролен натпревар во подготвителниот период. Екипата предводена од Марјан Герасимовски загуби од Македонија Ѓ.П. Конечниот резултат гласеше 5:3.
На полувреме резултатот беше нерешен 2:2, а домашниот тим прв успеа да го отвори резултатот на 1:0, но Вардар бргу врати со погодокот на Матеј Гаштаров за 1:1, а потоа да направи и резултатски пресврт со голот на Марко Николовски за 1:2 на асистенција од Лефковски. После нафрлена топка од прекин во нашиот шеснаесетник, еден од играчите на домашниот тим беше највисок во скокот и со глава донесе израмнување на 2:2. Со овој резултат се замина на полувреме. Нашиот голман, Андреј Данстак имаше и две добри одбрани во овој прв дел.
301728291_121070774026706_7248787365573127965_n
Лошо одигравме во вториот дел и му дозволивме на противникот да постигне три гола, за предност од 5:2, додека пред крајот поразот го ублажи Михаил Танчев, за конечни 5:3 на натпреварот.
На овој прв контролен натпревар, Вардар беше без репрезентативците, Величковски Алији, Ајетовиќ и Сековски, кои со репрезентацијата до 17 години беа на тренинг камп во Кичево кој траеше до денес.
Вардар: Данстак, Порчу, Јанкоски, Спасовски, Алексовски, Миовски, Лефковски, Анастасов, Цониќ, Николовски, Гаштаров.