Фудбалерите на Вардар останаа на 100%, откако попладнево на домашен терен лесно го победија тимот на Охрид со резулта 2:0. Стрелци на головите за Вардар на овој дуел беа Христов во првиот дел и младиот Јусуфи во вториот.
Вардар по првото полувреме имаше сигурна предност од 1:0 со голот на Симеон Христов, за кој ова беше првенец сезонава. Во вториот дел, Вардар имаше уште неколку шанси за нов гол. Истиот дојде по одлична акција на Вардарци, а успешен реализатор беше младиот Нијаз Јусуфи за 2:0 и веќе три бода за Вардар.
Ова беше втора победа на исто толку натпревари сезонава и тоа без примен погодок со гол разлика 3:0.