Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 > Вардаровите младинци минимално поразени од Македонија Ѓ.П
Вардаровите младинци минимално поразени од Македонија Ѓ.П

Вардаровите младинци минимално поразени од Македонија Ѓ.П

Младинците на ФК Вардар денес го одиграа својот прв пријателски натпревар. На теренот во Ѓорче, се сретнаа екипите на Македонија Ѓ.П и Вардар, поуспешен беше домашниот тим кој славеше со резултат 2:1.

d8

Натпреварот започна со прилика за противникот, но Стојилевски успеа да ја исфрли топката од гол линијата, додека Вардар од својот прв конкретен обид успеа да го отвори резултатот. Анчевски беше играчот кој протури топка до Ѓорѓи Дошев кој успеа да ја затресе мрежата на Ѓорче за водство од 0:1. Вардар имаше уште една прилика преку Филип Блажевски, но противничкиот голман успешно одбрани. До крајот на првиот дел, после една акција и наше невнимание во одбраната, екипата на Македонија Ѓ.П успеа да го израмни резултатот на 1:1, кој беше актуелен на полувреме.

d1 d2

Вардар може да жали што не успеа да стигне до подобар резултат на овој прв тест натпревар во подготвителниот период. Арбин Курти и Огнен Здарвковски беа играчите во нашиот состав што имаа добри прилики, но не успеаа да реализираат, односно голманот на домашниот тим ги бранеше ударите. Противникот не казни во последните две минути со погодок, за пресврт и победа со резултат 2:1.

d3

Вардар: Филевски, Анчевски, Стојилевски, Каровски, Кулуковски, Здравковски, Дошев, Стојановски, Курти, Алексоски и Блажевски.